прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
сабота, 09 јануари 2010    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Литература

Географија на маленкоста

Го испишав денот како писмо, со калиграфски букви. Ја напишав точната височина на незадоволствата, ја утврдив широчината на сопствените стравови, не заборавив да ја обележам и косината помеѓу пролетта и летото, со модро мастило ја означив оддалеченоста меѓу љубовта и омразата и, еве сум! Буквите на денот се пред мене, трајни и непроменливи. Го испратив денот напишан со краснописни букви на позната адреса - до себе.



* * *

Под постелата ставивме цело едно море, древно море, неколку морски ѕвезди, една школка и еден светилник. Требаше да се испитаат заминувањата и враќањата, сомотните бранови, плачовите и поздравите кога ширта останува пуста, а на хоризонтот осамнуваме ние, како мали деца затекнати во пловидба кон сопствените води. Во постелата ставивме и неколку солени зборови - нашиот звучен брод за вечноста.



* * *

Во сонот, види чудо, зборовите се ослободени од својата тежина и се преместуваат од едно на друго место. Сонување, не во слики, ами во зборови! Мали немирковци на кои не им е доволен денот, па за себе ја земаат и ноќта. Еден од нив - да/се/коктеламе, ја има главната улога (крал од бајка?). Коктеламе: тоа е бесплатно пиење во некоја свечена пригода. „Кралот“ не постои во ниту еден речник, ама што му можеш - тука е!



* * *

Нунка. Жена која помага при породувањето на децата, но и жена која најчесто ги крштева истите деца, им дава имиња. Таа, која давала имиња на безброј други, самата останала без име. Таа не е онаа која обично ја нарекуваме „бабица“. Нунката е еден вид колективна мајка на целото село, женски принцип, неусловена љубов, неписмен поет кој ги создава зборовите-имиња. О, обезимена мајко! Го пишувам твоето име: нунка.



* * *

Го создаваш од земна прав, од кал; го месиш според мените на Времето. Ставаш троа вода и смесата се тркала, се витка; се кикоти со смеата на предците и ги повикува нивните сенки како стражари пред оваа чудна игра на оживување на слоговите. Неверојатно, купчето е час кула, час куќарка, сега е облак, а потем сонце. Најпосле, ете, Зборот е тука - своеглав и грешен како тебе. Стои како нем обвинител над твојата глава.



* * *

Лондонското око е огромен џиновски тобоган - мрежеста вртелешка која ги врти посетителите во круг (од долу нагоре и од горе надолу) надвисната над водите на Темза, веднаш спроти британскиот парламент. Левото уво е рид над Струмица, веднаш спроти познатите Цареви кули. И, што? Каква е врската меѓу нив? Никаква, можеби, но, сепак - не: и Окото и Увото се делови од човечкото тело. Метафоричноста на јазикот. Ние самите сме мера на нештата - и кога стоиме и кога се вртиме во круг. Така ни е подобро. Ете.



* * *

Телеграфија на дождот. Упорни, ѕвонливи знаци кои ја раскажуваат историјата на небото. Стуткани во сопчето-скривалиште ги одгатнуваме тајните пораки упатени на земјата, звучните вокали и шумните согласки, прекорите и пофалбите, блицот на молњите и обрушувањето на грмотевиците. Под прозорчето - око на светот - расте болното зеленило на раното лето. Се огледуваме долго во уличните водени барички. Со сонливи лица!



* * *

Трудна кучка со надуен стомак ги пречекува случајните намерници но и посетителите, се умилкува превртувајќи се на мазните плочи, мал Кербер кој го чува влезот во пештерската црква „Св. Атанасиј“ во Струга. Монашки ќелии издлабени во каменот, две долу и една горе, на катот, простори римувани со темнината и тишината, невидливи стапалки на некогашните машки пустиножители, темјан, дрвени скали како мост кон небото!



* * *

Оса која се прилепила до стаклото внатре во месарницата и брмчи, брмчи - се обидува да го продупчи излогот кој ја затворил во нејзината немоќ.

И месарскиот чирак, вито момче со лице на дете, брмчи, брмчи: „Телешкото месо е најдобро за манџа, многумина тоа не го знаат, тоа е најхранливо, а меленото треба убаво да се одмрзне пред пржење, колбасите, пак, се...“. Ја слушаш, сепак, осата: таа зборува за слободата!

Страницата ја подготвува
Тоше Огњанов
Контакт: t.ognjanov@dnevnik.com.mk


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт