прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
петок, 24 април 2009    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Отворена

Колумна

За етикетите

Обидете се да артикулирате каков било став по однос на актуелните политички или општествени случувања и ќе дочекате лавина од коментари низ кои механизмите на еткетирањето успешно ја движат својата намера. Дебатата речиси и да ја снемува. Се претвора во поделување етикети чија примарна цел е дискредитација

Денот кога престанав да бидам Ирена Цветковиќ беше денот кога станав соросоидна предавничка. Кога ќе се најдете насилно бутнати во таков калап претањата нема да ви помогнат. Јас не сум повеќе човек, туку член на банда. Исто и моите сограѓани Македоноиди. Избор изгледа не ни е дозволен. Дилемата е кратка и јасна: комуњарка или преродбеничка, соросоид или македоноид.Овие етикети се нужно вметнати во институционалните, историските, културните и социјалните практики. Тоа се рамки во кои себствата може да се читаат во политиките на репрезентации. Етикетирањето може да служи и како намерно и свесно дисквалификување на поинаквите мислења. Во еден ваков контекст стравот од бидувањето етикетиран е очекувано зголемен затоа што да се биде етикетиран значи да се биде дискредитиран. Да се биде етикетиран со звучните етикети популарни последниве две години по автоматизам значи да се биде дисквалификуван од јавната дебата, односно да се биде човек без кредибилитет за јавно артикулирање на сопственото мислење. Стратегиите се покажаа за повеќе од успешни. Обидете се да артикулирате каков било став по однос на актуелните политички или општествени случувања и ќе дочекате лавина од коментари низ кои механизмите на еткетирањето успешно ја движат својата намера. Дебатата речиси и да ја снемува. Разговорот или дијалогот се претвора во континуирано поделување етикети чија примарна цел е дискредитација.

Клучното прашање кое се поставува во ваква веќе силно етаблирана атмосфера е: како да се спротивставиш на овие опасни стратегии што го гушат и онака бедниот критички и дебатерски дух во нашето општество? За жал, обидите за премостување на овие стратегии се заглавени токму во истите. Неминовната стапица е повторно во игра. Етикетираните почнуваат да етикетираат. Ти мене „букефалист“, јас тебе „соросоид“. Ти мене „богохуљ“, јас тебе „богомољец“. И така во недоглед.

Одлепувањето на етикетите е долг, мачен и безуспешен процес. Верувајте му на паталецот. Остануваат умните стратегии на одземање на оружјето. Како во американските филмови кога добрите момци низ вешти потези на телото успеваат да го одземат пиштолот од рацете на противникот и потоа истиот не го употребуваат против него. Со други зборови прифаќање на сите залепени етикети и обид истите да се преформулираат, да се збогатат со нови слоеви значења.

Одамна низ блогосферата зборувам за ова и навистина бев среќна кога го прочитав текстот на блогерот Лазар Поп Иванов со наслов „Соросоиден вмровец кој е шпиун и крстоносец, живо сељачиште кое е и геј и атеист, андерграунд позер и букефалист“. Во својот текст Лазар ги користи етаблираните дефиниции за етикетите и се пронаоѓа во секоја од наведените во насловот. На тој начин највидлив е отпорот кон симплифицираната картографија на човечките ставови и идеи. Вистинска шлаканица на визиите за дистинктивни културни групи денес редуцирани до „македоноиди“ и „соросоиди“. Во својот текст Лазар ги повика читателите да го сторат истото, односно да се обидат да ги прифатат, а потоа и резимираат етикетите кои им се залепени. Јас ќе го послушам и ќе го сторам тоа овде следејќи ја формата на неговиот текст.

Ако соросоид значи секој човек кој имал некакво искуство со невладиниот сектор тогаш јас сум дефинитвно соросоид. Секундарните значења прилепени за етикетата соросоид се измамник, манипулатор и учесник во сиви политички игри. Бидејќи јавно ја прифатив етикетата соросоид редно е да внесам и нови значења. Јас сум соросоид кој е апсолутно небитен фактор во големите политички игри, борец за човекови права и човек со визија за подобро и похумано општество.

Јас сум вмровка. Следејќи ја логиката на етикетирањето секако. Мислам дека најголемата опозициска партија е структура без идеја и визија. Дел од високото членство на ова политичка партија е составено од бескрупулозни измамници и тотални безрбетници. Останатиот дел и онака е безгласен. Јас сум сдсмовка. Повторно затоа што ми се гади од политичката партија на власт. Односно ако ја следиме логиката која ни ја наметнаа „или си со нас или против нас“ тогаш не-вмро значи сдсм. И обратно секако.

Јас сум „србенда скриена во хрватско руво“. Ова е етикета што ја добив на Блогерај. Една од најзабавните. Србенда скриена во хрватско руво за да останам неприметена, се вели. Јас би додала и еден шарен микс од потекла кои ја прават дистинкцијата по крв невозможна. Та ние не сме расни кучиња. Лезбијка. Фејк лезбијка. Курва лезбијска. Ова се неколку варијанти на етикети кои често ги добивам. Разобличени би оделе по ред вака: феминистка, блондинка, жена што не се срами од сексуалноста. Атеист затоа што сум цврсто против изградба на православен храм на плоштадот. „Шиптарка“ како дополнување на атеизмот. „Џанкерка“ е следен во низата од истите причини. Последен во низата е предавничка.

Јас сум неокомуњарка затоа што сметам дека одлуките на Уставниот суд треба да се почитуваат. Ако оние што сметаат дека непочитувањето на Уставниот суд значи крај на правната држава се неокомуњари тогаш на драго срце се произнесувам за таква. И на крај да резимираме: Јас сум вмровски соросоид, сдсмовска србенда скриена во хрватско руво и Шиптарка, неокомуњарка, фејкерка и лезбијка, атеистичка курва која е џанкерка и предавничка. Ве охрабрувам да го направите истото со себе. Оти ете тоа сум јас. Сега кога ги расчистивме дилемите дали ќе бидеме љубезни да се сослушаме?

Ирена Цветковиќ


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт