прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
сабота, 27 јануари 2007    
 
 
Во фокусот
Актуелно
Регион
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Култура
Сцена
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Почна обидот за мир на Блискиот исток
Како се опушташе премиерот Блер
Инвестициите на македонската дијаспора
Равенка за голот на Роберто Карлос
Непознати владини служби
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Македонија

СКАНДАЛОЗНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗАБАВИ на младите

Се вртат десетина порноснимки со ученици

Средношколци од Скопје раскажуваат дека меѓу нив кружат десетина порноклипови снимани со мобилни телефони во училишта и во кафулиња


Никој не знае каде учат средношколците што снимале порносцена во училница, но многу ученици го гледале скандалозниот видеоклип и тврдат дека постојат најмалку уште десетина слични, со „актери“ на возраст од 15 до 18 години. Последниот што е раширен кај младите е орален секс помеѓу ученик и ученичка, проследен со аплауз и овации од соученици во училницата. Се претпоставува дека бил сниман во некое скопско училиште. Средношколци тврдат дека се' помасовно се снимаат такви сцени и во кафулињата, а директорите на училиштата не знаат што да преземат за да ја спречат таа негативна појава.

Директорите вчера не го одржаа најавениот состанок и за овој проблем ќе разговараат во наредната недела. Дел од нив признаваат дека веднаш по објавувањето на информацијата дека постои компромитирачки видеолкип на средношколци, ја побарале и ја виделе снимката. Други размислуваат околу училиштата да постават системи што ги блокираат мобилните телефони на учениците додека тие се на настава.

- Засега има најмалку десетина такви клипови. Има еден на кој група средношколци соблекуваат ученичка во втора година. Ја знаеме девојката. Со нас учи. На клипот се гледа дека не е свесна што и' се случува бидејќи само лежи, а момчиња ја соблекуваат и ја допираат секаде. Претпоставуваме дека е или под дејство на дрога или на алкохол. На друг клип е снимена ученичка во кафуле каде неколку момчиња ја соблекуваат и ја допираат. И на таа снимка се гледа дека девојката е во алкохолизирана состојба. За последниот, на кој е снимен орален секс, слушнавме дека учениците се во трета година и учат во една скопска гимназија. За една година ова ќе биде мода, а се' почна кога меѓу нас се рашири порноснимка на средношколци од Хрватска - коментираа вчера ученици од скопско средно училиште.

Средношколка во втора година раскажува како дошла до последниот видеоклип:

- Татко ми ми го покажа. Како негативен пример што прават моите врсници. Бев изненадена и засрамена. Оттогаш, постојано ми го проверува мобилниот телефон.

Претседателката на Здружението на директорите на средните училишта и директорка на гимназијата „Никола Карев“, Горица Илиеска, најави дека проблемот ќе се разгледува деновиве.

- Откако се распрашав за ваквите „активности“ на учениците, открив дека се случувале во две-три скопски училишта, но засега се' е шпекулација и не можам да тврдам ништо. За ова ќе разговараме на седница на сите директори, најверојатно во наредната недела, кога, меѓу другите прашања, ќе го вметнеме и овој проблем. Уште вчера им кажав на моите ученици дека ако некого фатиме со мобилен телефон в училиште, ќе му го одземе до крајот на учебната година - вели Илиеска.

Директорите најавуваат мерки за поголема контрола на учениците на часовите, на одморите, поставување системи за блокада на работата на мобилните телефони, но и забрана за носење и користење в училиште и друго. Предвидени се и вонучилишни активности за предавања за сексуално образование.

Љубица Гроздановска


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

  Четврток     Петок
  
  мин-макс   мин-макс
     0/28         3/30

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     42.50
 USD     46.83
 GBP     73,63


 
 
прва страна   контакт